четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Бионичка рака која овозможува враќање на чувството на допир

Бионичка рака која овозможува враќање на чувството на допир

Тим експерти по роботика од повеќе држави создадоа бионичка рака, со што успеаја на една жена да и ја вратат способноста да допира и да ги чувствува предметите.

Веќе со години научници работат на бионички пронајдоци кои би го вратиле чувството за допир и употреба на она што не опкружува. Современата технологија и тоа како може да се искористи во надополнување и враќање на физичките недостатоци во нормала.

Групата научници стационирани во Рим утврдија дека ова помагало веќе може да се користи и вон лабораторија.

Алмерина Маскарело пред 20 години ја изгубила левата рака во несреќа. Таа ја користи прототип-раката веќе шест месеци и може да процени дали предметот е тврд или мек на допир.

– Чувството е природно, како да е вистинска рака. Конечно можам да го правам она што претходно ми беше исклучително тешко, како што се облекувањето и обувањето. Се чувствувам комплетно, нагласува Маскарело.

Раката функционира така што по допирот на предметот, сигналите преку ситни електроди се пренесуваат до мозокот.