сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Руски милијардери си ги кријат јахтите на Малдиви и во Црна Гора

Руски милијардери си ги кријат јахтите на Малдиви и во Црна Гора

Руските милијардери вложуваат големи напори за да си ги заштитат нивните суперјахти, пишува американскиот магазин Robb Report.

Поради санкциите воведени против Русија, руските милијардери поврзани со рускиот претседател Владимир Путин одлучиле да ги преместат нивните јахти со цел да избегнат запленување.

Податоците од Marine Traffic покажуваат дека најмалку 4 повеќемилионски суперјахти во сопственост на руски бизнисмени моментално пловат во безбедните води на Малдиви и на Црна Гора, пишува CNBC. Овие селидби доаѓаат во момент кога САД и сојузниците сакаат да спроведат повеќе санкции против Русија.

Администрацијата на Бајден неодамна најави дека цел ќе бидат руските олигарси и нивниот имот. Франција исто така направи список од имот во сопственост на руски милијардери, а кој може да биде запленет под санцкии на ЕУ.

Како одговор на тоа, руски милијардери како Вагит Алекперов, претседател на Лукоил, почна да ги преместува неговите скапи бродови за да ги заштити. Неговата раскошна суперјахта Heesen, позната како Galactika Super Nova, ја напушти Барселона и се очекува наредните денови да пристигне во Црна Гора.

Три други јахти во сопственост на руски тајкуни сега пловат на Малдиви. Александар Абрамов пристигна на Малдиви на 28 февруари. Јахтата Нирвана на Владимир Потанин исто така наводно е на Малдиви.

Црна Гора и Малдиви моментално немаат договори за испорачување со САД. Но, двете земји се членки на ОН, кои остро ја осудија руската инвазија.

Можеби пловидбата на суперјахтите назад во Русија е најбезбдната опција, пишува Robb Report.

Според Guardian, властите во покраината Хамбург ја конфискувале јахтата на рускиот милијардер Алишер Усманов, вредна 600 милиони долари.