четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски повторно го повика Путин да разговараат: „Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја“.

Зеленски повторно го повика Путин да разговараат: „Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја“.

За време на прес-конференцијата, украинскиот претседател Влодомир Зеленски апелираше до западните сојузници, барајќи од нив да им испратат борбени авиони.

– Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш дајте ми авиони. Ако нема повеќе, следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија, рече тој.

Овие земји се членки на НАТО пактот, што значи дека доколку Русија изврши инвазија на една од овие земји, веднаш би била во војна со сите членки на Алијансата. Зеленски рече дека единствен начин да се стави крај на оваа војна се директни разговори со Владимир Путин.

– Ние не ја напаѓаме Русија и немаме намера да ја нападнеме. Што сакате од нас? Оставете ја нашата земја, рече тој.

Тој му порача на Путин да седне со него, но не на 30 метри како со Макрон, алудирајќи на долгите преговори со западните претставници што неодамна ги водеше рускиот претседател.