сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Европа мора да се разбуди, потребна е нејзина итна акција, Русија врши нуклеарен терор

Зеленски: Европа мора да се разбуди, потребна е нејзина итна акција, Русија врши нуклеарен терор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека спроведува „нуклеарен терор“ и дека сака да ја „повтори“ катастрофата во Чернобил, по гранатирањето на нуклеарната централа во централна Украина, среде руската инвазија.

-Ќе го предупредиме светот дека ниту една земја освен Русија никогаш не пукала во нуклеарни централи. Ова е првпат во нашата историја, првпат во историјата на човештвото. Оваа терористичка држава сега врши нуклеарен терор, нагласи тој во видео порака.

-Европа мора да се разбуди. Најголемата нуклеарна централа во Европа гори. Руски тенкови гранатираат нуклеарни единици. Тенкови кои имаат терминален вид и знаат каде гранатираат. Подготвени се за тоа. Им се обраќам на сите Украинци и сите Европејци, сите луѓе кои знаат што значи Чернобил, кои знаат колку страдање и жртви предизвика експлозијата во нуклеарната станица. Тоа беше глобална катастрофа, порача Зеленски.

Додаде дека руски пропагандисти се заканиле дека светот ќе го прекријат со нуклеарна пепел.

-Тоа сега не е закана, тоа е реалност. Мора да ги запреме руските трупи. Кажете им ја своите политичари: Украина има 15 нуклеарни единици. Ако дојде до експлозија, тоа ќе биде крај на сите, крај на Европа, евакуација на Европа. Само итна акција на Европа може да ги спречи руските сили и да спречи смрт на Европа во нуклеарна катастрофа, порача Зеленски во видео обраќањето по пожарот во нуклеарната централа Запорожје.