четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на загинати од руските воздушни напади врз Чернихив

Расте бројот на загинати од руските воздушни напади врз Чернихив

Четириесет и седум лица загинаа вчера во руските воздушни напади врз станбена населба во градот Чернихив, соопштија денеска регионалните власти, јави Би-Би-Си.

Спасувачките акивности морале да биде прекинати вчера поради силно гранатирање, соопштија локалните служби за итни случаи.

Вкупно 148 лица, главно цивили, загинале од почетокот на воените дејствија во регионот, додаваат локалните власти

Градот со 300.000 жители се наоѓа на северот на земјата, блиску до границите со Русија и Белорусија.