петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуацијата од Мариупол е прекината – властите тврдат не е безбедно поради руското гранатирање на градот

Евакуацијата од Мариупол е прекината – властите тврдат не е безбедно поради руското гранатирање на градот

Украинската влада веќе разговара со руските претставници за прекршувањето на примирјето, вели заменик-градоначалникот, и преговорите се во тек.

Евакуацијата на цивилите од Мариупол е прекината, соопшти градскиот совет на Мариупол поради тоа што руската страна не го почитува привремениот прекин на огнот.

На жителите им е порачано да се вратат во засолништата и да чекаат информации за следните чекори.

Пред неколку минути заменик-градоначалникот на градот Сергеј Орлов изјави за Би-би-си дека Мариупол сè уште се гранатира, а исто така има извештаи дека борбите се во тек на крајот на рутата за евакуација.

„Не е безбедно да се оди по овој пат поради борбите“,

вели тој.
Украинската влада веќе разговара со руските претставници за прекршувањето на примирјето, вели тој, и преговорите се во тек.

Според информацијата што ја објавија локалните власти на Мариупол, евакуацијата треба да се одвива на следниот начин:

Прекинот на огнот ќе трае од 09:00 до 16:00 часот по локално време (07:00-14:00 GMT)
-Евакуацијата на цивилите ќе започне во 11:00 часот по локално време (09:00 GMT)
-Трасата на коридорот е од Мариупол до Запорожје, на запад
-Автобусите ќе тргнуваат од три локации во градот, а по дадената рута ќе може да се движи и приватен превоз
-Градскиот совет бара од возачите целосно да го искористат целиот простор што го имаат во своите возила
-Патувањето подалеку од договорената рута е строго забрането.