Гранатиран e пункт за евакуација на цивили во близина на украинскиот главен град Киев, а има и загинати.
Преминот за евакуација на цивили кои се обидуваат да побегнат од областа Ирпин западно од Киев утрово беше гранатиран, јави Си-Ен-Ен.
Kaко што објавија украинските власти, загинале најмалку три лица, меѓу кои и две деца.
Ниту денешниот обид за организирање хуманитарен коридор од Мариупол не успеа, а проруските сепаратисти и украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за кршење на првиременото примирје.
foto EPA-EFE/ROMAN PILIPEY