недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОН: Над 400 загинати цивили во Украина од почетокот на инвазијата

ОН: Над 400 загинати цивили во Украина од почетокот на инвазијата
фото илустрација

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска соопшти дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, може да ја потврди смртта на 406 цивили, вклучувајќи и 27 деца, но додаде дека вистинската бројка најверојатно ќе биде многу поголема, пренесуваат британските медиуми.

Најновите податоци на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, што ја има набљудувачката мисија во Украина, го покриваат периодот од 24 февруари до 6 март.

Во претходниот извештај на организацијата од вчера бројката на потврдени цивилни жртви изнесуваше 364.