четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Речиси 100.000 луѓе се евакуирани од украинските градови

Зеленски: Речиси 100.000 луѓе се евакуирани од украинските градови

Речиси 100.000 луѓе се евакуирани од украинските градови во изминатите неколку дена, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.

Тој додаде дека пристаништниот град Мариупол и блискиот Волноваха и понатаму се опколени од руските сили.

Зеленски ја обвини Русија дека вчера го гранатирала коридорот за бегство и собирниот пункт за луѓето кои го напуштаат Мариупол.

Украинскиот претседател обвини и дека Москва прави се за да ги измами Украинците во градовите опколени од руските трупи. Тој ги повика граѓаните кои имаат контакт со жителите на Мариупол да им кажат да не се откажуваат од битката за градот.