петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од украинските градови вчера евакуирани малку повеќе од 7.000 луѓе

Од украинските градови вчера евакуирани малку повеќе од 7.000 луѓе

Само 7.144 луѓе вчера беа евакуирани од украинските градови, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно телевизиско обраќање, што е значително помалку отколку во претходните два дена.

Зеленски ја обвини Русија дека ги спречува луѓето да го напуштат опколениот град Мариупол и рече дека властите ќе се обидат денеска да достави храна и лекови во градот.

Речиси 40.000 луѓе во четвртокот напуштија повеќе градови преку хуманитарни коридори, а 35.000 успеале да избегаат во средата, соопштија украинските власти.

Зеленски рече дека вчера успеале да избегаат жители на Чернигов, Енергодар, Хостомел и Козаровичи.