петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во руското гранатирање на Чернихив загинаа 5 лица, меѓу кои 3 деца

Во руското гранатирање на Чернихив загинаа 5 лица, меѓу кои 3 деца

Пет лица, меѓу кои три деца, загинаа кога руските сили гранатираа станбена зграда во градот Чернихив во северна Украина, соопштија денеска службите за итни случаи, пренесува АФП.

Вработените во брзата помош извлекоа пет тела од под урнатините на катна зграда, соопшти украинското Министерство за вонредни ситуации.

Претставници на одбраната објавија фотографија од зградата со скршени прозорци. На фотографијата се гледаат тројца работници на брзата помош како стојат на куп урнатини, додека третиот се качува на скала, очигледно за да провери што има внатре.

Чернихив, град северно од главниот град Киев и блиску до границата со сојузникот на Москва, Белорусија, беше силно гранатиран од руските воздушни сили откако Русија почна офанзива на 24 февруари.

Претходно во средата, украинските обвинители соопштија дека 10 луѓе биле убиени во Чернихив додека чекале ред за леб.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека од почетокот на конфликтот се убиени 103 деца и дека повеќе од сто болници се оштетени или уништени.