недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПРВА МОРНИЧАВА СНИМКА ОД УРНАТИОТ АВИОН – паѓа од небото за помалку од секунда (ВИДЕО)

ПРВА МОРНИЧАВА СНИМКА ОД УРНАТИОТ АВИОН – паѓа од небото за помалку од секунда (ВИДЕО)

Патнички авион на компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“ со 132 лица се урна денеска во јужна Кина, соопштија кинеските воздухопловни власти. Државните медиуми јавуваат дека падината каде паднал авионот е во пламен, бројот на жртвите засега не е познат.

Авион од типот „Боинг 737“ што летал од Кунминг за Гуангжу „го загубил воздушниот контакт над градот Вужоу“ во јужниот регион Гуангкси, соопшти Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC) во онлајн соопштение.

„Во моментов, потврдено е дека авионот на тој лет се урнал“, соопшти CAAC, додавајќи дека била активирана процедурата за реакција при итни случаи и „е испратена работна група на местото на настанот“.

Авионот превезувал 123 патници и девет членови на екипажот, соопшти CAAC.

Во меѓувреме на Твитер се појави морничаво видео на кое се гледа како авионот паѓа во истата секунда и се срамнува со земјата.

Претходно инаку се појавија видеа на кои се гледа како авионот гори запалувајќи се претходно во густата шума.