понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералниот секретар на ОН го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

Генералниот секретар на ОН го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија оквалификувајќи го како пројава на лидерство во регионот и вон него“.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Џарик изјави дека генералниот секретар на ОН „ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.

Гутереш се надева  дека учесниците во други конфликти ќе увидат пример од тој развој и ќе работат за постигнување решенија преку преговори, додаде Џарик.

МИА

Најнови вести