понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лавров во прва посета на Кина по руската инвазија

Лавров во прва посета на Кина по руската инвазија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во прва посета на Кина од почеток на руската инвазија над Украина.

Руското министерство на Твитер профилот објави фотографија од шефовите на дипломатиите на двете земји.

Лавров во Кина слета утринава, ќе присуствува на серија состаноци организирани од Кина, на кои ќе се разговара околу начините за помош на Авганистан. На средбите се очекува да присуствуваат претставници од САД како и од соседните држави на Авганистан – Пакистан, Иран, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.