недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо најде оправдување за поразот од Боде-Глимт, проблем пластичниот терен

Мурињо најде оправдување за поразот од Боде-Глимт, проблем пластичниот терен

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се пожали на квалитетот на тревникот на мечот со тимот од Норвешка.

Рома синоќа е поразена од Боде-Глимт со 2:1 во четвртфиналето на Конференциската лига.

-Имаме повреден фудбалер. Ова го припишувам на играње на пластични терени. Ова е надвор од наша контрола. Луѓето одлучија европските натпревари да се играат на пластични терени, изјави Мурињо.

Реваншот ќе се игра на 14 април на стадионот Олимпико во Рим.