петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Името не е нешто за кое се гласало на референдум, тоа е нешто што е наследено и затоа сите имаат обврска и право да се идентификуваат

Силјановска: Името не е нешто за кое се гласало на референдум, тоа е нешто што е наследено и затоа сите имаат обврска и право да се идентификуваат

Не сакам да верувам дека треба да се плаши македонскиот народ, дури и од политичарите со кои не се согласувам, меѓутоа очигледно е уште вчера кога ги гледавме двете прес конференции, поделбата е видлива и во оваа поделба има конфузија, тоа е она што мене ме плаши, ова во емисијата „60 минути“ со Горан Момировски го истакна професорката од Правниот факултет Јустинијан Први, Гордана Силјановска- Давкова.

-Кога треба да се пристапи кон вакви промени, кога има многу дилеми, потребно е единство, заедно да се работи, но вчера видно беше дека нема да биде така. Европа е нашата татковина, нашата поширока судбина, ние само два пати сме биле надвор од неа, за време на отоманската империја и за време на комунизмот и сите вредности ги делиме со Европа, впрочем културното богатство кое е далеку поголемо одошто бројот на населението. И ние затоа не можеме да се разбереме, бидејќи со емоции размислуваме, но не можете за име да размислувате со емоции, потенцира Силјановска.

Таа додава дека името не е нешто за кое се гласало на референдум, тоа е нешто што е наследено и затоа сите имаат обврска и право да се идентификуваат.

-Во грчкиот устав секаде татковината е со нацијата со големи букви. Политичарите се заколнуваат дека ќе го почитуваат Уставот, а истото го има и во грчкиот Устав, бидејќи тие се избрани преку тој Устав и должни се да го почитуваат, но не велам дека не треба промени во Уставот, рече Силјановска.

Најнови вести