четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ве мачи ВОСПАЛЕНИЕ НА МУСКУЛИТЕ по тренинг? Помогнете си себеси на 4 ефективни начини

Ве мачи ВОСПАЛЕНИЕ НА МУСКУЛИТЕ по тренинг? Помогнете си себеси на 4 ефективни начини

Редовниот и посветен тренинг бара повремено зголемување на интензитетот и должината на вежбањето, за да се постигнат подобри резултати.

Меѓутоа, форсирањето на посилен тренинг може да предизвика воспаление на мускулите, многу непријатна појава која се манифестира со многу силна болка која ве тера да забавите одредено време.

Важно е добро да се загревате пред секој тренинг и да се истегнете после него. Ова е првата линија за спречување на воспаление на мускулите.

Ако тоа сепак се случи, нема потреба да очајувате или да прибегнувате кон некои лекови.

Масажа

Истражувањата покажаа дека масажата може да ги ублажи воспалителните процеси и да го забрза опоравувањето на мускулите после тренинг.

Јадете правилно

Протеините се неопходни за обновување на мускулите, здравите масти се неопходни за правилно функционирање на зглобовите, а јаглехидратите се неопходни за енергија. Затоа ви е потребна урамнотежена и здрава исхрана, и пред и после тренинг.

Активно ладење

Секој добар тренер и инструктор ќе препорача загревање пред тренинг и ладење на мускулите после него. Овој процес го обновува отчукувањата на срцето и наместо само да лежите, нека биде активно ладење, како истегнување.

Пијте многу вода

Водата е неопходна за обновување на мускулите, бидејќи одржува здрава циркулација на материи низ телото, ги намалува воспалителните процеси и помага во исфрлањето на штетните материи. Покрај тоа, водата го поддржува внесувањето на хранливи материи во мускулите и го забрзува закрепнувањето на мускулите.