четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сообраќајот на патиштата по суви коловози

Сообраќајот на патиштата по суви коловози

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомото сојузот.

На граничните премини, како што се посочува, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. рп/

2022-04-25 09:07:14, од Рената Пепељугоска

Најнови вести