вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

По 36 години очекување, премиера на „Топ ган 2“

По 36 години очекување, премиера на „Топ ган 2“

Минаа 36 години откако Том Круз ги стави своите пилотски очила, се качи на воениот авион и се вивна на топ-листите на Холивуд. Сега конечно доаѓа продолжението на веќе легендарниот „Топ ган“, со поднаслов „Маверик“.

– Бев малку мрзелив, понекогаш и сум таков, се пошегува Круз на светската премиера, која се одржа на приземјен американски носач на авиони во Сан Диего на 4 мај.

Во новиот филм, којшто во кината ширум светот ќе се појави на 25, 26. и 27 мај, Маверик (Том Круз) се враќа во елитната американска школа за борбено оружје „Топ ган“ за да ја обучи најновата група самоуверени млади пилоти и пилотки. Меѓу нив е и Петел, синот на Гас, кој беше убиен во првиот дел од 1986 година.

– Чувство за романса, за авантура – сѐ тоа е свет во кој сакате да бидете. И, очигледно секогаш има што да се направи со авијацијата, рече Круз (59).

Во филмот се враќа и Вал Килмер, а меѓу новите лица се Ед Харис, Џенифер Конели, Мајлс Телер, Џон Хам, Жан Луиза Кели, Глен Пауел, Моника Барбаро и други.