понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Тања Савиќ не можеше да ги сопре солзите: Нашиот Бобан Цаневски „растури“ во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Тања Савиќ не можеше да ги сопре солзите: Нашиот Бобан Цаневски „растури“ во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Познатата српска ѕвезда Тања Савиќ не можеше да ги задржи солзите во емисијата „Никад није касно“, кога нашиот натпреварувач Бобан Цаневски (45) го пееше големиот  хит на Здравко Чолиќ – „Као моја мати“.

Нашиот Бобан буквално брилијираше на големата сцена, а неговото емотивно пеење не ја „допре“ само Тања, туку и водителот Жика Јакшиќ, како и целата публика во студиото…

По завршувањето на неговиот настап жирикомисијата не штедеше пофални зборови за интерпретацијата на Боби…

„Бобане, јас многу ја сакам Македонија, многу го сакам Скопје. Ти вечерва ме погоди со оваа песна, дури и солзи ми потекоа кога кажа: „Кад ти једном срце сломе, не верујеш никоме“…

„Доста  години имам, доста кустоси имам запознаено, но мислам дека сте најдобриот пејач – кустос кој сум ги запознал“ – беше коментарот на Франо Ласиќ.

„Бобане, ми ја расплака Тања, јас не знам што да ти кажам. Можеби треба да направиме пауза со снимање – кажа познатиот композитор Маре.

Се разбира, Бобан Цаневски после овој настап оди директно во следниот круг од ова големо музичко натпреварување.

Инаку Бобан веќе долги години настапува во познати ресторани, кафулиња и клубови и помеѓу публиката важи како еден од најдобрите „мајстори“ за ноќните забави…

Погледнете го неговиот настап на „Никад није касно“…