недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„МО со народни пари го платило 9.384 евра Темелко Ристески, за партиска агитација и пишани 10 текста на фејсбук, ДКСК да отвори истрага“

„МО со народни пари го платило 9.384 евра Темелко Ристески, за партиска агитација и пишани 10 текста на фејсбук, ДКСК да отвори истрага“

Владата на СДСМ, Ковачевски и Петровска го пробија дното. СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерството за одбрана исплатило 9.384 евра на професорот Темелко Ристески за десет фејсбук статуси, два текста и телефонски разговори за агитација за парламентарните избори во 2020 година за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели. Во извештајот кој го поднел и потпишал Темелко Ристески до МО за она што сработил јасно стои дека една од обврските е вршење на партиска активност за потребите на СДСМ, агитација и напад кон политичкиот противник, и за тоа наплатил вкупно 9.384 евра. Забеганоста нема крај, додека медиумите пишуваат дека војниците јадат небезбедна храна, немаат соодветна опрема и хумани услови за работа, се испумпувале не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари преку Министерството за одбрана за потребите на СДСМ и коалицијата „Можеме“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Димитар Ковачевски и Славјанка Петровска мора да понесат одговорност и да одговорат уште колку вакви лица биле ангажирани во државните институции за вршење на партиски активности на СДСМ и коалицијата „Можеме“?

-До кога владата на СДСМ со народни пари ќе плаќа партиски послушници? Државната комисија за спречување на корупција наместо да глуми нем посматрач, веднаш без одлагање да реагира, да покрена постапка и целосно да го расветли случајот, а Телемко Ристески да ги врати парите назад. Дополнително ДКСК да испита и во кои други институции е вршена ваква исплата на буџетски пари? За овој скандал покрај политичка одговорност за сите инволвирани, мора да има кривична одговорност. Премногу е, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести