сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина ја обвини Канада за провокации на нејзините извидувачки авиони

Кина ја обвини Канада за провокации на нејзините извидувачки авиони

Кинеското Министерство за одбрана денеска јави дека канадската војска го зголемила бројот на своите извидувачки летови и провокации против Кина, со што ја загрозува националната безбедност на земјата.

Министерството соопшти дека се противи на провокативните акции на Канада.

Ву Чиан, портпарол на кинеското МО, кажа дека кинеската војска презела соодветни мерки како одговор на канадската акција и дека, исто така, користела и дипломатски канали.

Канадската војска минатата недела ги обвини кинеските воени авиони дека ги вознемируваат нејзините патролни авиони што го следат прекршувањето на севернокорејските санкции. Канада тврди дека поради ваквите дејствија нејзините авиони морале да ја сменат рутата на летовите.  (МИА)