сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Занимливости

„Чоколаден Меси“: Уникатна торта за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер

„Чоколаден Меси“: Уникатна торта за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер

Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на  Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина на аргентинскиот фудбалер.

Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми.

– Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него, истакна слаткарката Дарија Малкина.

Таа наведе дека веќе стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.

– На Лионел Меси ќе му го дадеме Лионел Меси, изјави Малкина.

Скулптурата ќе биде изложена во Броници, град оддалечен 50 километри од Москва, каде е стациониран аргентинскиот тим за време на Мундијалот.