петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

КРЦКАВО СОВРШЕНСТВО: Направете топчиња со наполитанки, еурокрем и лешници! Никој нема да им одолее (РЕЦЕПТ)

КРЦКАВО СОВРШЕНСТВО: Направете топчиња со наполитанки, еурокрем и лешници! Никој нема да им одолее (РЕЦЕПТ)

Крцкавите чоколадни топчиња од наполитанки и еурокрем се најубавото нешто што ќе го пробате денес. А кога во оваа комбинација ќе додадете уште и лешници, задоволството е целосно.

Рецептот е супер едноставен и тоа е само плус за ова чоколадно совршенство.

Состојки:

200 гр печени лешници
200 гр наполитанки (чоколадо или лешник)
300 гр мелени бисквити
200 гр путер
100 мл стопен бел еурокрем
50 мл млеко

Подготовка:

Сомелете ги печените лешници, бисквитите, наполитанките, па измешајте со растопен путер и стопен бел еурокрем. На крај додадете го млекото и соединете ја масата.

Направете топчиња и потопете ги кратко во ладно млеко и печени лешници (не заборавајте, половина од лешниците влегуваат во тестото, а половина за валкање). Друг начин е да ги валкате во стопен еурокрем и лешници.

Пред сервирање, ставете ги топчињата во фрижидер да се стегнат.