петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски се пласира во второ коло на Вимблдон за јуниори

Калин Ивановски се пласира во второ коло на Вимблдон за јуниори

Македонски тенисер Калин Ивановски избори пласман во второто коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон.

Македонецот попладнево за еден час и 51 минута го совлада Лука Поу со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:2.

Во 1/16 финалето Ивановски ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Родриго Пачеко-Мендез (Мексико) и Алесио Базиле (Белгија). (МИА)