петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Ивановски мангупски, со сервис под нога до победа во Лондон!

ВИДЕО: Ивановски мангупски, со сервис под нога до победа во Лондон!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, со убедливо издание, се пласира во третото коло на јуниорскиот Вимблдон, откако во втората рунда го исфрли Родриго Пачеко Мендез со 2-0 (6-1, 6-2).

Убедливата партија во Лондон, Ивановски ја круниса со мангупски потег на крајот од дуелот. Тој ја искористи првата меч-топка, го фати Пачеко неподготвен и го потврди триумфот во второто коло.

Атрактивниот поен за победа на Ивановски:

Ивановски уште еднаш го покажа својот талент и пак како лани ја достигна третата рунда на престижниот турнир за младинци. Следен противник на Македонецот ќе му биде Едас Бутвилас.