петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен дилер од Скопје, при претрес во неговиот дом пронајдена марихуана и кокаин

Уапсен дилер од Скопје, при претрес во неговиот дом пронајдена марихуана и кокаин

На 27.07.2022 во попладневните часови од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно обезбедена наредба, извршен е претрес во домот на А.Д.(33) од Скопје. За време на претресот пронајдени се и одземени тегла и ќеса со марихуана, како и пакување со бела прашкаста материја.

А.Д. е лишен од слобода, приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.