четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата трага по сторителот: Вооружен грабеж во такси синоќа во Скопје

Полицијата трага по сторителот: Вооружен грабеж во такси синоќа во Скопје

Вооружен грабеж вчера во такси во Скопје во населбата Чаир.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи вчера околу 22.40 часот од страна на 36 годишниот М.Г. од Скопје е пријавено дека на улица „Методија Митевски“ во Скопје, додека чекал патници на такси станица се качило непознато лице кое побарало да го одвезе до одредена локација во населбата Чаир.

Откако пристигнале на наведената локација, непознато лице со закана со огнено оружје одзел 2.000 денари од таксистот и го напуштил местото на настанот.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.