вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Казнети 28 возачи во Кочани

Казнети 28 возачи во Кочани

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кочани за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 28 возачи, од кои девет за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.