среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

36 санкционирани возачи во Кичево, 10 биле пијани

36 санкционирани возачи во Кичево, 10 биле пијани

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Најнови вести