вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопје: 167 санкционирани возачи, 53 за брзо возење

Скопје: 167 санкционирани возачи, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за непрописно престигнување и обиколување…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.