вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски триумфира на турнирот во Тунис

Калин Ивановски триумфира на турнирот во Тунис

Младиот македонски тенисер Калин Ивановски денеска оствари одличен успех откако го освои ИТФ турнирот што се играше во Монастир, Тунис.

Нашиот тенисер во финалниот меч го совлада Азиз Кијаметовиќ од БиХ со 4:6, 6:4, 6:1.

Противникот беше подобар во првиот сет, но во наредниот дел од мечот Ивановски доминираше и триумфираше на турнирот по одлучувачкиот трет сет.