среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СВР Тетово со засилени контроли: Во фокус возачите и нивното однесување кон пешаците

СВР Тетово со засилени контроли: Во фокус возачите и нивното однесување кон пешаците

Секторот за внатрешни работи Тетово наредните денови значително ќе ги засили сообраќајните контроли во чие средиште ќе бидат возачите и нивното однесување кон пешаците.

-Сите возачи кои нема да ги пропуштаат пешаците при преминување на улиците ќе бидат соодветно санкционирани и ќе им се изготвуваат законски предвидените поднесоци, со напомена дека паричните глоби за недавање предност на пешаци се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност. Контролите посебно ќе се интензивираат пред и со почетокот на новата учебна година, најмногу пред училиштата и пред се околу основните, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај тоа, планирани се и почести контроли со кои ќе бидат опфатени пешаците- како и каде ги преминуваат улиците и како се движат во сообраќајот, особено на улиците и патиштата на кои нема обликувани тротоари. За оние пешаци кои минуваат каде ќе стигнат предвидени се поднесоци и парични глоби од 45 евра во денарска противвредност.

Оттаму, СВР Тетово повторно со апел да возачите максимално да внимаваат на пешаците, а пешаците да ги почитуваат постоечките знаци и прописи, односно поставената светлосна и друга сообраќајна сигнализација.