сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Штип приведен скопјанец кој превезувал мигранти

Во Штип приведен скопјанец кој превезувал мигранти

Полицијата во Штип синоќа го привела скопјенецот А.Г. (31) поради тоа што во комбето со кое тој управувал, при контрола биле пронајдени мигранти.

– Ноќеска во 02.40 часот по полноќ на улица „Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Г. (31) од Скопје затоа што во возило комбе „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица – мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија, информираат од МВР.

Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите се дале во бегство, но набргу по преземени мерки биле пронајдени и приведени.

Како што информира МВР, возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.