среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

61 санкционирани возачи на мотоцикли

61 санкционирани возачи на мотоцикли

Во текот на вчерашниот ден (23.08.2022) во периодот од 19.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 61 возач.

Од нив, 38 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 15 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести