среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ивановски: Предадов поради болка во рамото

Ивановски: Предадов поради болка во рамото

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, по историската сениорска титула, освоена минатиот викенд, предвреме го заврши вториот ИТФ-фјучрс турнир во Монастир, Тунис, а причината за откажувањето е повреда.

Младиот тенисер имаше одличен старт и на вториот турнир и забележа две победи, но го предаде четвртфиналниот меч со Метју Делаведова од Австралија. Противникот имаше водство од 3-0 во гемови, по што Ивановски му подаде рака и го предаде мечот. Тенисерот ја соопшти и причината.

Не можев да продолжам и предадов поради болка во рамото. Но, знам дека ќе се вратам посилен“, потенцира Ивановски.

Минатата седмица македонскиот ас дојде до првиот сениорски трофеј. Благодарение на овој голем успех во понеделникот забележа скок од преку 300 места на АТП листата и сега е стациониран на 779. позиција.