четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Можни поплави причина за евакуација на илјадници жители на југозападна Кина

Можни поплави причина за евакуација на илјадници жители на југозападна Кина

Десетици илјади лица денеска се евакуирани од југозападна Кина во побезбедни области, бидејќи се проценува дека областа, што е погодена од топлотен бран и суша во поголемиот дел од летото, сега е во опасност од поплави поради обилните дождови.

Кинеската метеоролошка служба прогнозираше дека силните врнежи од дожд во делови од провинциите Сечуан и Чонгкинг ќе се задржат најмалку до вторник, пренесуваат американските медиуми.

Во Чонгкинг, мегаград изграден во ридско подрачје, за денеска и за утре е издадено предупредување за опасност од поплави.

Властите од вчеравечер на побезбедни места веќе евакуираа 61.000 лица од Сечуан, бидејќи во текот на ноќта врнеше силен дожд, јави денеска државната телевизија ЦТВ.