вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: 235 санкции за брзо возење

МВР: 235 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 235 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.