недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

122 санкционирани возачи во општина Бутел

122 санкционирани возачи во општина Бутел

Во текот на вчерашниот ден (31.08.2022) во периодот од 16.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Бутел во Скопје. При контролата санкционирани се 122 возачи, од кои 55 за возење со брзина поголема од дозволената, 11 за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, 13 санкции за возење мотоцикл без заштитна кацига, еден мотоцикл и едно патничко моторно возило се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.