понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цените на храната во светот бележат пад петти месец по ред

Цените на храната во светот бележат пад петти месец по ред

Глобалниот индекс на цените на храната на Агенцијата на ОН за храна во август падна петти месец по ред, бидејќи континуираниот извоз на жито од украинските пристаништа придонесе за подобри изгледи за снабдување.

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) денеска соопшти дека нејзиниот индекс на цени, кој ги следи најтргуваните прехранбени производи во светот, во просек изнесувал 138 поени минатиот месец, во однос на ревидираните 140,7 за јули.

Индексот падна од рекордните 159,7 во март, забележани по руската инвазија на Украина.

Индексот на цените на житариците на ФАО во август падна за 1,4 отсто на месечна основа. Украинските пристаништа на Црното Море се повторно отворени согласно дипломатски договор и изгледите за жетвата на пченицата во Северна Америка и Русија се поволни, објави агенцијата.

Но, индексот на цените на пченката се зголеми за 1,5 отсто минатиот месец бидејќи топлото и суво време ги намали изгледите за производство во Европа и САД, се додава во извештајот.

Цените на растителното масло, шеќерот, млечните производи и месото паднаа, делумно и поради зголемените залихи.

Во посебна проценка на понудата и побарувачката на житарици, ФАО ја намали својата прогноза за глобалното производство на житарици во 2022 година од 2,792 милијарди тони на 2,774 милијарди тони