петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри даде објаснување зошто Влаховиќ беше резерва

Алегри даде објаснување зошто Влаховиќ беше резерва

Алегри не ја криеше нервозата по нерешениот резултат во Фиренца и во тие моменти застана во одбрана на тимот кој доби многу критики поради прикажаната игра.

– Во второто полувреме моравме да менуваме доста играчи и се решивме да го браниме резултатот. Фиорентина не притисна во вториот дел, да кажеме дека имавме добар дефанзивен тест во второто полувреме. Она што мора да го поправиме е нашата игра кога водиме 1:0, тогаш треба да дојдеме до 2:0, да бидеме повалкани и да го одлучиме мечот. Затоа бев бесен по примениот гол, не смееме да примаме такви голови. Не бев лут поради ништо, после тој корнер и примен гол се промени текот на мечот, – изјави Алегри, кој изненадувачки не му даде ниту една минута на Душан Влаховиќ.

– Душан Влаховиќ нанижа неколку меча во низа и Милик е тука за да ни помогне и да ни подаде рака. Не зборувам само за голот кој го постигна, тој беше генерално добар. Денеска сакав да го одморам Влаховиќ, а потоа бев принуден да направам измени во вториот дел кои не беа планирани, – објасни Алегри.