петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 174 возачи во Скопје, 93 за брзо возење

Казни за 174 возачи во Скопје, 93 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.