четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 11.55 часот во скопската населба Лисиче го лишиле од слобода К.Љ.(30) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје за издржување затворска казна од година и пол за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.