понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЈА ВРЗА КОСАТА И ТРГНА ВО БОРБА, А ПОТОА ЈА УБИЈА: Имаше само 20 години, а еве како стана новиот симбол на револуцијата

ЈА ВРЗА КОСАТА И ТРГНА ВО БОРБА, А ПОТОА ЈА УБИЈА: Имаше само 20 години, а еве како стана новиот симбол на револуцијата

Името Хадис Наџафи стана синоним за непоколеблива борба против угнетувањето и дискриминацијата на жените на различни начини.

Не се плашела од ништо, а следејќи ги нејзините ставови и верувања, пред само неколку дена го загубила животот на 20 години. Нејзината слика го обиколи целиот свет, а оваа бестрашна млада дама стана пример за многу припаднички на понежниот пол.

Имено, таа ја започна битката со трагичен исход многу симболично – врзување на косата во репче! Со овој потег таа го следеше примерот на Махса Амини, исто толку храбра жена, која исто така стана жртва на иранскиот режим. Токму смртта на Амини ја започна женската револуција во Иран.

-Хадис Наџафи е убиена во Иран. Шест куршуми во градите, лицето и вратот. Таа имаше 20 години и излезе да протестира против убиството на Махса Амини. Таа вчера си ја врза косата и храбро ја започна борбата против дискриминацијата, угнетувањето и загрозувањето на жените. Таа беше убиена денес, гласи само една од многуте објави на Твитер.

Младата Хадис беше убиена од иранските безбедносни сили, од тој момент оваа 20-годишна жена стана нов симбол на трагедијата, излив на тага и пркос на жените во Иран, кои протестираат од 16-ти септември.