вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пет возила изгореа во пожар во Скопје

Пет возила изгореа во пожар во Скопје
фото илустрација

На 27.09.2022 во 03:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила, од кои четири паркирани на ул.„Гоце Стојчевски“ и едно паркирано на ул.„Лазо Москов“, и тоа „фолксваген голф“, „рено меган“, „рено твинго“, „ауди“, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со англиска национална ознака.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.