петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ди Карло: ОН го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина

Ди Карло: ОН го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина

Заменик генералната секретарка на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло, синоќа, на состанокот на Советот за безбедност за референдумите за анексијата на Украина, ја повтори поддршката на Обединетите нации за „територијалниот интегритет на Украина“ во нејзините „признати граници“.

-Дозволете ми да повторам дека Обединетите нации остануваат целосно посветени на суверенитетот, единството, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници, рече Ди Карло.

По говорот на заменик генералната секретарка на ОН на почетокот на редба преку видео линк на присутните им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.