понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен 76-годишен скопјанец за издржување затворска казна

Уапсен 76-годишен скопјанец за издржување затворска казна

Денеска (28.09.2022) во 11.50 часот на кејот на Вардар, во населба Момин Поток во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(76) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 247 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.