понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Драма во домот на Ди Марија: Додека Влаховиќ му бил на гости влегле крадци!

Драма во домот на Ди Марија: Додека Влаховиќ му бил на гости влегле крадци!

После натпреварот против Макаби Хаифа двајцата фудбалери на Јувентус, Душан Влаховиќ и неговиот соиграч Анхел Ди Марија биле мета на крадци.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Влаховиќ бил во посета на Ди Марија кога маскирани разбојници упаднале во домот на Аргентинецот. Алармот бил вклучен веднаш, а полицијата брзо пристигнала на местото.

„Слушневме врева и звуци кои како од огнено оpyжје“, зборувале сведоци на настанот кои се нашле во близина.

Првите информации се дека еден од разбојниците бил уапсен во обидот да избега, меѓутоа останатите се во бегство. Неверојатно е што Ди Марија во минатото беше мета на крадци и во Манчестер и Париз, а сега и во Торино во неговата прва сезона.