недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осум цивили загинаа во нападите во Киев

Најмалку осум цивили загинаа во нападите во Киев

Осум цивили загинаа, а 24 се ранети во ракетните напади врз Киев утринава, изјави помошникот на украинскиот министер за внатрешни работи Ростослав Смирнов.

Шест автомобили се запалија по нападот, а повеќе од 15 возила беа оштетени, објави Смирнов на Фејсбук.

Тој додаде дека 30 припадници на службата за итни случаи и шест единици за брз одговор се на местото на настанот во киевскиот кварт Шевченкивски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека проектилите погодиле „критична инфраструктура“ во градот.

„Главниот град е нападнат од руски терористи“, напиша Кличко на Телеграм