недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЦРН ДЕН ВО СРБИЈА: Се сруши висечки мост, засега две жени се удавиле, едната се заплеткала во сајлите – повредени 12 лица кои едвај се спасиле (ВИДЕО)

ЦРН ДЕН ВО СРБИЈА: Се сруши висечки мост, засега две жени се удавиле, едната се заплеткала во сајлите – повредени 12 лица кои едвај се спасиле (ВИДЕО)

Утрово околу 10 часот во Србија пукна висечки мост, а 20 лица паднаa во надојдена река. Несреќата се случи во близина на Јованскиот манастир во Овчарско-кабларската клисура.

Најмалку две лица загинаа, а според првичните информации неколку патници кои беа извлечени од Западна Морава не даваат знаци на живот.

Според Телеграф, едната жена се заплеткала во мостот и се удавила. Повредени се 12 лица, од кои 11 се во болницата во Чачак.

Неофицијално се дознава дека две лица се во тешка состојба. Жртвите биле посетители од Република Српска.